започнете со онлајн продавница
EasyShop е комплетно е-комерц решение кое овозможува онлајн продажба, како и продажба директно од Вашата продавница. EasyShop e платформа која во целост го поддржува Вашиот бизнис.
*Ќе ве контактираме во најбрзо време
Генера Девелопмент е компанија која нуди целосна дигитална маркетинг поддршка. Интернет маркетингот е различен од традиционалниот маркетинг и вклучува употреба на различни методи и мерења. Интернет маркетингот овозможува целосно следење на посетеноста на соодветната маркетинг кампања, следење на продажбата, следење на клиентите и потенцијалните клиенти. Нашиот тим работи напорно при градењето на вашиот бренд!
Безбедноста и сигурноста се на највисоко ниво. Компанијата Генера Девелопмент ДОО во чија сопственост е продуктот EasyShop, во целост ги почитува политиките за заштита на личните податоци на корисниците на картици, како и податоците од доверлив карактер согласно законските регулативи во Република Македонија и соодветната држава каде се користи EasyShop. Онлајн продавниците се хостирани на најбезбедните сервери во Европа.
Е-комерц веб страна хостирана на Cloud сервери. Пристапете од било која локација до вашата онлајн продавница, извршете ја нарачката, направете ја вашата фактура, автоматски намалете ја вашата залиха, бидете во тек со работата на вашиот бизнис додека сте на одмор, следете ги вашите вработени, направете ја вашата нарачка од било кое место, дополнете ја залихата.
Имајте преглед на вашите магацини. Едноставно и брзо подготвување, креирање на испратници и приемници. Следете ја состојбата на вашиот магацин, брзо и ефикасна проверка на вашата залиха. Целосна контрола на материјалното работење, известувања за намалена залиха, можност за определување на минимална залиха. Следете го вашиот магацин.
Едноставно следење на вашата продажба. Без разлика дали вашата продажба е онлајн, директно од вашиот магацин, од вашата продавница со EasyShop сте целосно покриени. Овој продукт ги покрива сите видови на пред плаќања и плаќања (профактура, фактура, фискална каса). Целосно следење на вашите нарачки како и автоматско намалување/зголемување од залихата од вашиот магацин, директно генерирање на профактурите, фактурите.
Можност за следење, планирање и менаџирање на вашиот бизнис со помош на најразлични корпоративни извештаи. Лесно планирање на набавката, предвидување на продажбата при претходно планирање со помош на корпоративните извештаи.
Oптимизирање на кодот и линковите за лесно и напредно регистрирање на вашата страна на Google, Yahoo, Bing, Safari и други интернет пребарувачи, добивање на подобри оценки од страна на пребарувачите и со тоа и можност за зголемување на посетите на продавницата и зголемување на продажбата.
За да го користите производот EasyShop потребно е да отворите банкарска сметка во овие банки: УНИ банка, Халкбанкa, Стопанска банка, Комерцијална банка или Тутунска банка. Модул за плаќање преку фактура/трансакциона сметка, модул за плаќање со PayPal, модул за плаќање при или по испорака со фискална, и директно во продавницата со фискална.
Одредете ги попустите за вашите производи, бидете двигател на вашиот бизнис. Зголемете ја продажбата со помош на најразлични промоции, кои ги овозможува EasyShop. Имате проблем со продажбата на одреден производ, решението е тука ПУШТЕТЕ КУПОН!